
Најпопуларниот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 140 голови. Петпати го освојуваше ова натпреварување и тоа му е приоритет секоја сезона. Кога пристигна во Јувентус во 2018 година, дојде со цел во Торино да го донесе најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал, но не успеа.
Во последната сезона како играч на Јувентус непремостлива пречка беше Порто кој во осминафиналето ги исфрли „бјанконерите“. Тогаш беа направени снимки од расплаканиот Роналдо.
Роналдо прво влезе во расправија со соиграчите на полувремето за време на реваншот кога имаа негатива 0-1.
„Играме како го*на, мора нешто да направиме“, почна да вика Роналдо, по што Квадрадо му пријде и му рече дека треба да биде пример за сите други.
“И јас не играм добро. Како го*на. Не играме ништо, треба да ја кажеме вистината, ова е Лигата на шампионите. Треба карактер”, одговори португалскиот ас.
Во вториот дел Јувентус играше подобро, се избори за продолженија, но на крајот сепак испадна кога беа создадени малку потресните сцени на Роналдо. Камерите го снимија моментот кога „ЦР7“ седи сам во соблекувалната и плаче како мало дете разочаран од новиот неуспех во Лигата на шампионите.
Роналдо летово се врати во Манчестер Јунајтед со кој одигра одлична групна фаза. „Црвените ѓаволи“ сре веќе во осминафиналето, а Кристијано постигна шест гола.
Ronaldo and Cuadrado’s heated altercation after UCL game against Porto. #ronaldo #cuadrao pic.twitter.com/vAAf0GyYIJ
— Winston Fame🟣 (@kiddafame) November 26, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако
