Connect with us

Коби Мејну е подготвен да замине на позајмица во Наполи

Коби Мејну е подготвен да ја продолжи сезоната во Наполи, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанскиот шампион има интерес да го доведе 20-годишниот играч од Манчестер Јунајтед на позајмица во јануарскиот трансфер период.

Еден од клучните фактори за потенцијалниот трансфер е врската на Мејну со неговите поранешни соиграчи. Тој сака да игра заедно со Скот Мектоминеј и со Расмус Хојлунд, кои го носеа дресот на „црвените ѓаволи“, а сега се дел од Наполи.

Клубот од Неапол е решен брзо да ја финализира трансфер-зделката за Коби Мејну, со цел да го зајакне тимот и да ја брани титулата во вториот дел од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови