
Фудбалските клубови од Првата и од Втората лига во Македонија го изразија своето незадоволство од предлог – критериумите за спортски клубови во врска со најавениот ваучерсистем за спонзорирање во спортот преку одредено даночно олеснување овозможено со Законот за данок на добивка. За првпат по подолг период сите прволигаши и второлигаши се обединија на неформален состанок во хотелот „Александар Палас“ во Скопје и зазедоа категоричен став по ова прашање.
Фудбалските клубови од двете конкуренции се единствени и едногласни во ставот дека понудените критериуми се апсолутно неприфатливи за нив, направени се спротивно на интересите на фудбалот и не одговараат на реалните потреби за работење и егзистирање во најквалитетните лиги во најмасовниот спорт во државата.
Заеднички став на сите клубови е дека за фудбалот треба да бидат направени издвоени, посебни критериуми според кои ќе бидат рангирани екипите од овој спорт.
Затоа фудбалските клубови најавуваат дека во наредниот период заеднички ќе изготват нови предлог-критериуми кои сметаат дека ќе бидат многу поадекватни за потребите во фудбалот и дека надлежните инстанци ќе имаат разбирање и ќе ги имплементираат во идните законски решенија.
Ваквата иницијатива е подржана и од Фудбалската Федерација на Македонија.
Истовремено беше покрената иницијатива и за формирање на Здруженија на клубовите од Првата и од Втората лига.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Долга пауза за дефанзивец на Баер Леверкузен

Интернационалци
Селтик ќе го урне клупскиот рекорд за да го купи Миовски?

Евро-фудбал
Артета доби суспензија поради радоста со Лутон

Евро-фудбал
Хавиер Тебас останува прв човек на Ла Лига

Евро-фудбал
Рома со пресврт до триумф против Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тотенхем остана непоразен на „Итихад“ (ВИДЕО)
