Фудбалерот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез, е суспендиран од фудбалските натпреварувања откако дал позитивен допинг-тест од полуфиналето во Лига Европа против Манчестер Јунајтед. Веста ја потврди самиот играч преку објава на социјалните мрежи.
„Пред неколку недели бев информиран дека тестот од првиот полуфинален натпревар против Манчестер Јунајтед бил позитивен. Бев шокиран, бидејќи никогаш во животот не сум користел забранети супстанци“, напиша 30-годишниот стопер, пренесе „Мундо Депортиво“.
Алварез одигра цели 90 минути на натпреварот одигран на 1 мај на „Сан Мамеш“, каде Јунајтед победи со 3-0. Тој беше во составот и за реваншот, кој заврши 1-1, по што Атлетик беше елиминиран од натпреварувањето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













