Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, е главна трансфер-цел на италијанскиот клуб Наполи ова лето, пренесуваат повеќе угледни извори од Англија. Се верува дека Наполи веќе понудил 50 милиони евра за уругвајскиот напаѓач, но таа понуда била одбиена од раководството на Ливерпул.
Ливерпул бара сума блиска до 75 милиони евра, но постои можност трансферот да се реализира и за износ меѓу 60 и 65 милиони евра. Според информациите, Нуњез веќе дал согласност да премине во Наполи, клуб кој е во потрага по нов напаѓач откако ќе се раздели со Виктор Осимен.
И покрај разликите во финансиските очекувања меѓу двата клуба, се очекува дека во наредните денови ќе има разврска и можен договор за трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













