Вардар со убедливи 3-0 ја победи Ла Фиорита во првиот меч од првото коло во Лигата на конференции. „Црвено-црните“ го решија натпреварот со три гола во второто полувреме, правејќи голем чекор кон пласман во второто коло, каде што ќе играат против Лозана.
Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, по мечот изјави дека е задоволен од резултатот и дека ваков исход би прифатил пред натпреварот.
„Сакам да им честитам на играчите. Во првото полувреме влеговме со малку грч, затоа што некои од играчите играат вакви натпревари првпат. Беше незгодно, бидејќи ако не дадеш гол, вакви противници можат да ти направат проблеми. Замените што ги направивме дадоа резултат и заслужено победивме. Шансите што ги имавме требаше да ги искористиме. Ако некој ни понудеше 3-0 пред натпреварот, ќе прифативме со задоволство. Но, ова е само прво полувреме, одиме на реваншот да ја завршиме работата“, изјави Седлоски.
„Многу играчи не беа на подготовки, а новите играчи сè уште треба да се докажуваат. Знаеме колку тежи вардаровиот дрес. Задоволен сум од настапот на Диего и Мато во второто полувреме. Ибрахим Оласеибикан добро играше во првото полувреме“, додаде стратегот на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













