Пари Сен Жермен го декласира Реал Мадрид со убедливи 4-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство и си обезбеди пласман во финалето, каде ќе се бори за својот петти трофеј оваа сезона. Иако многумина очекуваа вистински фудбалски спектакл на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, неизвесноста траеше само околу 30 минути, по што францускиот тим ја презеде целосната контрола и закажа финале против Челси.
Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Фабиан Руиз се најде на вистинското место по една спорна ситуација во која ПСЖ можеше да добие пенал, но наместо тоа, топката стигна до него и тој го совлада Куртоа за водство од 1-0. Веќе во деветтата минута, Осман Дембеле ја искористи катастрофалната грешка на Антонио Рудигер, излезе сам пред голманот и лесно зголеми на 2-0.
Иако се очекуваше Реал Мадрид да возврати, наместо тоа, добија уште еден удар. Хакими ја поведе контрата и му асистираше на повторно осамениот Руиз, кој го постигна својот втор гол за 3-0.
По неколку замени на двете страни, Гонсало Рамош во 87. минута, по додавање од Баркола, ја завери убедливата победа со четврти гол за ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













