Реал Мадрид е отворен за можноста за заминување на бразилскиот напаѓач Родриго (24), но конечната одлука за неговата иднина ќе биде само негова. Според информации на Фабрицио Романо, следната недела ќе се одржи директен состанок меѓу клубот и играчот на кој ќе се дефинира неговата судбина во Мадрид.
Оваа одлука доаѓа откако тренерот Хаби Алонсо не го вклучи Родриго во почетниот состав на последните пет натпревари, што дополнително ги зголеми шпекулациите за можен трансфер. Клубот истакнува дека нема да го турка неговото заминување, туку сè ќе зависи од желбата на самиот играч.
Несоодветна е опцијата за премин во саудискиот Ал-Наср. Од таборот на Родриго јасно порачаа дека не се водеа никакви преговори со тој клуб и дека фокусот е исклучиво на европските дестинации, пред сѐ Манчестер Сити, Арсенал и Баерн Минхен. Во опција сега е и ПСЖ.
Бразилскиот напаѓач пристигна во Реал пред шест години од Сантош за 45 милиони евра, а досега за Реал одигра 270 натпревари, постигна 68 гола и додели 51 асистенција. Неговата вредност се проценува на околу 90 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













