
Ливерпул имаше водство со голот на Мохамед Салах уште од самиот старт, не искористи многу шанси за да го осигура триумфот и на крајот, во судиското продолжение, дозволи да прими гол од Њукасл и да ремизира. Ова можеби ќе биде и клучно за „црвените“ да не играат во Лигата на шампионите следната сезона.
Менаџерот Јирген Клоп е брутално искрен вели дека неговиот тим не заслужува да биде дел од елитата кога не може да искористи толку многу шанси.
„Освоивме бод, но ремито го чувствувам како пораз. Јас лично не гледам дека ние заслужуваме да играме во Лигата на шампионите од тоа што го прикажавме денеска. Не верувам дека некој може да креира толку многу шанси, да постигне прекрасен гол и да го одржи противникот во живот до самиот крај. Њукасл го заслужи голот, погодија и претходно, тоа беше несреќен момент за Вилсон, а ние не го искористивме и тој подарок“, изјави Јирген Клоп.
По ова реми, Ливерпул се наоѓа на шестото место на табелата во Премиер – лигата со 54 бода, четири помалку од четвртопласираниот Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи тргнува по потписот на Лоренцо Лука

Евро-фудбал
Севилја го избра Матијас Алмеида за нов тренер
