Connect with us

Клоп: Луис Дијаз самиот ќе одлучи дали е подготвен да игра

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, сѐ уште минува низ тешки времиња, бидејќи неговиот татко е киднапиран веќе петти ден.


Колумбиецот ги пропушти натпреварите против Нотингем Форест и Борнмут поради веста за киднапирањето на неговите родители, а сѐ уште не е познато дали ќе настапи против Лутон в недела.

Сепак, Јирген Клоп објави и добра вест, дека им се придружил на останатите соиграчи на тренинзите.

„Мораме да видиме како се чувствува, оттаму започнува сè. Сè што носи макар и најмала надеж е добра вест и чекаме да се случи. Сѐ зависи од него, тој е единствениот кој одлучува дали ќе биде достапен или не. Тука сме и го чекаме“, изјави Клоп.

Инаку, мајката на Дијаз е спасена по неколку часа, додека потрагата по неговиот татко сѐ уште трае.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови