Connect with us

Клоп: Ливерпул не заслужи повеќе од бод против Лутон

Фудбалерите на Ливерпул направија сериозен чекор назад во трката за титулата во Премиер – лигата откако одиграа „само“ 1-1 со Лутон на гостински терен.


А тој еден бод „црвените“ го однесоа со голот на Луис Дијаз во петтата минута од судиското надополнување.

Ливерпул сега е на третото место со 24 бода, три помалку од Манчестер Сити и два помалку од Тотенхем, кој има натпревар помалку.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објективно ги сумираше своите впечатоци од натпреварот во Лондон.

„Мислам дека не заслуживме повеќе од бод. Можевме да победиме, ако ги погледнете шансите што ги имавме, но не го заслуживме тоа. Не е резултат од соништата, но доволно сме зрели да го прифатиме “, изјави Клоп.

„Кога ќе губите 1-0 и ќе дојдете до реми, тоа е резултат што треба да ви се допадне. Пред натпреварот не мислев така, но на крајот ова е резултат што и двете екипи го заслужија“, заклучи Германецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови