
Мохамед Салах и Садио Мане одиграа максимални седум натпревари на Агриканскиот куп на нации, а потоа импресивно се вратија на напорното темпо и на исцрпувачките натпревари во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите. Откако ги предводеа Египет и Сенегал во финалето на Купот на африканските нации, тие веднаш се вратија на обврските во Англија и во Европа без да го направат она што го прават другите фудбалери во такви ситуации – барајќи од клубовите време за одмор и регенерација.
На прес-конференцијата пред финалето на Лига купот против Челси, менаџерот Јирген Клоп, ја откри тајната.
„Двајцата момци не пијат алкохол. Така што тие го немаат големиот проблем што ги „убива“ фудбалерите или го продолжува времето за опоравување. Не пијат и затоа беа подготвени веднаш, ден по финалето на Африканскиот куп на нации. И двајцата се сила на природата и се надевам дека такви ќе останат засекогаш“, изјави Клоп.
Кога Ливерпул во 2020 година стана шампион на Англија, шампањското што играчите го полија на прославата беше безалкохолно, од почит кон Салах и Мане, затоа што се муслимански верници. Нивната вера ги спречува да конзумираат алкохол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
