Саудискиот клуб Ал-Наср, каде што настапува Кристијано Роналдо, продолжува со амбициозната трансферна политика откако веќе го обезбеди потписот на Жоао Феликс и е на чекор до ангажман на Ињиго Мартинез. Според информациите, следната цел е крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман.
Ал-Наср веќе започнал официјални преговори со баварскиот клуб за 29-годишниот Французин, кого го гледаат како идеално засилување за крилната позиција. Засега не е јасно дали Баерн и самиот играч ќе се согласат на трансфер, но германските медиуми претходно споменуваа сума меѓу 35 и 45 милиони евра.
Коман има важечки договор со Баерн до 2027 година, а евентуалната негова продажба би наложила и пронаоѓање соодветна замена.
Инаку, иднината на Коман е тема на шпекулации речиси секој трансферен период. Минатата година тој беше блиску до премин во Ал-Хилал, но сепак остана на „Алијанц Арена“.
Французинот вчера постигна прекрасен гол во пријателскиот меч со Тотенхем, кој Баерн Минхен го доби со убедливи 4-0. Во минатата сезона одигра вкупно 45 натпревари, во кои постигна девет гола и запиша шест асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













