Connect with us

Кимих: Не сум вакциниран против Ковид, вакцините не се доволно испитани

Играчот за врска на Баерн Минхен Џошуа Кимих, неодамна откри дека недостатокот на истражување на постоечките вакцини против Ковид-19 е причината зошто сè уште не е вакциниран.

“Не ми се сигурни вакцините поради недостатокот на долгорочни студии. Секако дека сум свесен за мојата одговорност, ги следам сите заштитни мерки и се тестирам на секои два до три дена. Сметам дека секој треба да донесе одлука сам. Сепак, јас не го негирам постоењето на Ковид, ниту сум антиваксер.

“Исто така, не тврдам категорично дека воопшто нема да се вакцинирам. Многу е веројатно дека ќе ја примам вакцината во иднина”.

Инаку, Кимих собра 6 милиони евра преку добротворната кампања „WeKickCorona“ за да им помогне на оние што се борат со вирусот во Германија. Менаџерот на Баерн, Јулијан Најгелсман неодамна беше позитивен на Ковид-19 и покрај тоа што беше целосно вакциниран.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови