Кевин де Бруин по повеќе од осум години го напушта Манчестер Сити и најверојатно од јануари кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал-Наср од Саудиска Арабија. Работата наводно е веќе договорена и 32-годишниот ќе отпатува во Азија каде веќе се преселија многу ѕвезди.
Белгиецот е член на Манчестер Сити веќе осум години. Кај „граѓаните“ се стекна со статус на еден од најдобрите светски фудбалери, но се чини дека дојде време за збогување.
Искусниот 32-годишен играч за врска најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
„Газета дело спорт“ наведува дека во овој случај сѐ е речиси готово и дека Де Бруин ќе прејде во Ал-Наср.
Белгиецот во тимот на Ал-Наср ќе им се приклучи на Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марсело Брозовиќ, Ејмерик Лапорт…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski