Тимо Шулц е новиот тренер на Келн, соопштија од клубот. Тој доаѓа на местото на Стефан Баумгарт, кој беше отпуштен пред Божиќ.
Келн се наоѓа на претпоследното место во Бундес-лигата.
46-годишниот Шулц до неодамна го предводеше швајцарскиот Базел. Тој беше на чело на германскиот второлигаш Сент Паули во периодот 2020-2022 година.
Првиот натпревар на тимот по паузата е на 13 јануари против Хајденхајм.
„Едвај чекам да го преземам предизвикот. Ќе работиме напорно во наредните недели за да ги постигнеме потребните резултати. Келн припаѓа на Бундес-лигата. Ќе останеме во елитата, 100% сум убеден во тоа “, изјави новиот тренер, Тимо Шулц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













