Загрижувачки вести пристигнаа за навивачите на Аргентина во пресрет на финалето со Франција. Сепак, не станува збор за повреда или епидемија во таборот на „гаучосите“, туку за суеверие – затоа што познатиот рап артист Дрејк смета дека Меси и компанија се тие кои ќе триумфираат на Мундијалот.
Ова наведе многу фанови на социјалните мрежи повторно да се потсетат и да се пошегуваат со таканаречената „клетва на Дрејк“.
Раперот речиси секогаш им носи лоша среќа на сите спортски ѕвезди и тимови со кои се фотографирал или јавно ги поддржувал.
Навивачите ќе се потсетат дека Дрејк последен пат и донесе пех на Барселона во октомври на „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Тогаш каталонците кои излегоа со логото на уметникот на своите дресови загубија со 3-1.
За „проклетството на Дрејк“ почна да се зборува откако на социјалните мрежи забележаа дека секој познат спортист што се сликал со раперот го губи наредниот меч. Ова им се случи на Серхио Агуеро, Пол Погба, Пјер-Емерик Обамејанг, Џејден Санчо и Левин Курзава.
Drake betting on Argentina to win the World Cup while wearing a Napoli top 🇦🇷 pic.twitter.com/EfP8OmmMRr
— Italian Football TV (@IFTVofficial) December 17, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













