Connect with us

Катарците утре ќе излезат со нова понуда за Манчестер Јунајтед

Катарската инвестициска групација поддржана од шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани ќе ја даде својата втора понуда за Манчестер Јунајтед во текот на утрешниот ден, тврди „Sky Sports“. Според изворот, двете страни имале многу позитивни разговори минатиот четврток и потенцијалните купувачи се значително посигурни во постигнувањето договор со семејството Глејзер.


Пред неколку недели се тврдеше дека катарските инвеститори немаат намера да ја исполнат цената што ја бараа Американците. Глејзерови го ценат клубот на 6 милијарди фунти, но ниту еден од потенцијалните купци не се приближи до таа сума во првичните понуди. Сепак, ставот на Катарците се промени по средбата со водечките фактори на „Олд Трафорд“. Разговорите траеја дури 10 часа, што беше многу подолго од претходно очекуваното.

Сер Џим Ретклиф, кој е другиот главен кандидат за Манчестер Јунајтед, исто така наскоро треба да ја даде својата втора понуда, но според „Sky Sports“, тоа ќе се случи следната недела. Британскиот милијардер и неговиот тим во петокот поминаа шест часа на „Олд Трафорд“ и во клупската база. Сега ќе ги анализираат сите информации што ги добиле пред да ја поднесат својата нова понуда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови