Connect with us

Карло Анчелоти и официјално е нов селектор на Бразил

Бразилската фудбалска конфедерација официјално потврди дека постигнала договор со италијанскиот стратег, кој ќе ја преземе репрезентацијата по завршувањето на тековната сезона во Шпанија.

Според федерацијата, Анчелоти ќе го има своето деби во квалификациските натпревари против Еквадор и Парагвај.

„Доведувањето на Карло Анчелоти на селекторската функција не е само тактичка одлука – тоа е јасна порака дека сакаме да ја вратиме Бразил на врвот на светскиот фудбал. Тој е еден од најдобрите тренери на сите времиња, а сега ќе ја предводи најуспешната репрезентација во светот. Заедно ќе започнеме ново поглавје во историјата на бразилскиот фудбал“, се вели во соопштението на Федерацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови