Connect with us

Калиниќ го објави решението: Перишиќ веќе нема да игра за Хајдук Сплит

Иван Перишиќ веќе нема да го носи дресот на Хајдук Сплит, потврди Никола Калиниќ. Спортскиот директор на хрватскиот клуб изјави дека останува само да се договори на кој начин легендарниот играч ќе го напушти „Пољуд“ – дали со трансфер или со спогодбено раскинување на договорот.

Калиниќ изјави дека Перишиќ сигурно ќе замине од „Пољуд“, и дека прашањето е само како ќе се реализира неговото заминување.

„Жал ми е што се создаде негативна атмосфера, особено за Перишиќ и неговото семејство. Се знаеше од првиот ден дека ќе остане до крајот на летото. Дојде до недоразбирања и двете страни мирно заклучија дека соработката нема да продолжи“, изјави Никола Калиниќ.

Калиниќ додаде дека моментално целосниот фокус на Хајдук е на натпреварот во четврток и реваншот од третото претколо на Конференциската лига против Ружомберок.

„Поради изразената важност на претстојниот натпревар, целиот клуб е фокусиран на реваншот, па затоа ги повикувам навивачите да дадат целосна поддршка на тимот и стручниот штаб пред полниот „Пољуд“ на патот кон плејофот“, истакна спортскиот директор на „билите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови