
Италијанскиот калчолигаш Јувентус подготвува конкретна понуда за да го врати Сандро Тонали во Серија А. Според информациите на „Газета дело Спорт“, торинскиот гигант стапил во директен контакт со Њукасл и сериозно ја разгледува опцијата за размена која би вклучувала пари и играч.
Според истиот извор, „старата дама“ е подготвена да плати 40 милиони евра и дополнително да го вклучи Даглас Луиз како дел од зделката, со цел да го обезбеди потписот на 25-годишниот италијански репрезентативец.
Тонали се пресели во Њукасл од Милан во 2023 година во трансфер вреден 60 милиони евра, но по само две сезони на Островот, Јувентус сака да го врати назад во италијанскиот шампионат.
Се очекува наредните денови да донесат поголема јасност околу преговорите, но јасно е дека Јувентус е решен да направи амбициозен потег и повторно да го види Тонали во своите редови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
