Connect with us

Јувентус го освои „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Јувентус го доби „Дербито на Италија“ и го совлада Интер на гости со 0-1, па повторно се надева дека можеби ќе успее да стигне до пласман во Лигата на шампионите и покрај казната од минус 15 бода. Сега „старата дама“ има седум бода помалку од четвртопласираниот Милан.

Филип Костиќ беше стрелец на победничкиот гол за Јуве. Србинот успеа да ја затресе мрежата на „нероаѕурите“ во 23.минута. Сепак, ќе останат дилеми за погодокот, поради раката на Адриен Рабио, но и на Душан Влаховиќ, кого топката го погоди во рака, во акцијата непосредно пред голот на Јувентус.

Интер по овој пораз го загуби второто место и сега е третопласиран, со 21 бод негатива во однос на Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови