Италијанскиот првак Јувентус крои планови како да го врати Пол Погба во Торино. Тоа нема да биде нималку лесна мисија, а раководството на „старата дама“ е подготвено да испрати двајца одлични фудбалери на „Олд Трафорд“ за да го добие Погба.
Јувентус би ги испратил Пауло Дибала и Федерико Бернардески во Манчестер Јунајтед за директна размена во која Пол Погба би се вратил во Торино. Можеби делува и премногу галантно, но тренерот Андреа Пирло го посакува Погба во тимот за следната сезона.
Агентот Мино Раиола изминатите два дена престојуваше во Торино и ги увери раководните луѓе на клубот дека Пол Погба размислува единствено за враќање во Јувентус доколку го напушти Манчестер Јунајтед. Оттаму и веднаш произлезе понудата за комплетна размена, а понудени се двајца квалитетни офанзиввци, Пауло Дибала и Федерико Бернардески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи













