
Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, ќе отсуствува неколку недели откако заработи повреда на мускулот, соопштија од клубот. Тоа е втора повреда на стартер во тимот на Ерик Тен Хаг по онаа на Мејсон Маунт. Лук Шо би можел да пропушти и до шест недели.
Шо ги започна двата натпревари на Манчестер Јунајтед досега, а неговата повреда значи дека ќе ги пропушти и натпреварите на Англија против Украина и Шкотска на почетокот на септември.
Ерик тен Хаг ќе има проблеми на таа позиција против Нотингем Форест бидејќи Тајрел Маласија исто така е повреден, а Брендан Вилијамс е испратен на позајмица во Ипсвич.
20-годишниот Алваро Фернандез е единствениот лев бек на располагање во моментов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
