Connect with us

Јунајтед купува дефанзивец од Спортинг Лисабон

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало Инасио. 20-годишниот фудбалер одигра одлична сезона во португалскиот шампионат и го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“ кои сакаат да го донесат на „Олд Трафорд“. Новиот менаџер Ерик тен Хаг го одобрил трансферот на играчот и раководството на клубот веќе почнало преговори, тврди „А Бола“.


Инасио има откупна клаузула во договорот вредна 45 милиони евра. Сепак, Јунајтед ќе се обиде да постигне договор сумата да се плати на неколку рати.

Инасио е тинејџер на Спортинг, а од 2020 година е дел од првиот тим на клубот. Досега има 66 натпревари и седум гола во дресот на клубот од Лисабон. Централниот дефанзивец ги помина сите младински репрезентации на Португалија. Тој важи за еден од најперспективните млади играчи во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови