Connect with us

Јунајтед го враќа Мемфис Депај на „Олд Трафорд“

Мемфис Депај би можел да најде место во својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, откако е јасно дека Барселона нема намера да смета на него.


Депај преговараше со Јунајтед и летото, а сега пред евентуален договор стои истата пречка како тогаш – желбата на Барселона да наплати трансфер на холандскиот репрезентативец. На „Камп Ноу“ се свесни дека не можат да извлечат многу пари од напаѓачот чиј договор истекува на крајот на сезоната, но не сакаат да го пуштат бесплатно.


Ерик тен Хаг бара напаѓач кој ќе ја пополни празнината што ја остави заминувањето на Кристијано Роналдо. Една опција е Жоао Феликс, но Португалецот е прескап. Од Манчестер Јунајтед претпочитаат да земат играч на позајмица и го насочија вниманието кон Винсен Абубакар, кој стана „технолошки вишок“ во Ал-Наср токму по доаѓањето на Роналдо.


Дури и Камерунецот да заврши на „Олд Трафорд“, тоа не ја исклучува можноста Депај да се врати во својот поранешен клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови