
Македонскиот репрезентативец Јован Манев има нов клуб, откако се раздели со турскиот Адана Демирспор, каде што настапуваше во последните три години. Тој потпиша договор со хрватскиот прволигаш Ријека.
24-годишниот дефанзивец се приклучи на Адана во 2022 година и помина одреден период на позајмица во Осијек. Сега се враќа во Хрватска, во добро позната лига, каде што ќе ги брани боите на Ријека.
„Веќе играв во лигата, го знам квалитетот и со какви играчи располага хрватскиот фудбал. Кога заминав од Осијек, ја следев лигата често и знаев каков квалитет има Ријека. Знам какви се клупските цели и посветеноста кон помладите играчи. Пресреќен сум што ќе бидам дел од овој клуб, знам дека ќе дадам максимум за да биде добро за клубот, за мене и навивачите.
Во ХНЛ дебитирав на гости кај Ријека, атмосферата ми остави фантастичен впечаток. Тоа е причина плус за мојот избор. Се надевам дека се ќе оди според планот. Играњето во Осијек многу ми помогна, се надевам тоа ќе биде уште подобро и подобро. Секој меч ќе дадам свој максимум за овој клуб, навивачите и се да биде по планот.
Ја следев Ријека и хрватската лига, знам дека конкуренцијата е голема. Нашата цел се надевам дека ќе биде првото место до крајот на сезоната“, изјави Манев.
Договорот на Јован Манев е со важност до 2027 година, а тој ќе го носи дресот со број „15“.
Во кариерата Јован Манев настапуваше и за Осогово и Брегалница Штип. За македонската репрезентација има седум настапи и еден постигнат гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона има четири опции за нов офанзивец

Млади репрезентации
Македонија У21 поразена од Белорусија на тестот во Анталија
