Connect with us

Јонас влезе во „офсајд“, уапсен во аферата за даночна измама и перење пари

Поранешниот играч на Валенсија и Бенфика, Јонас, е уапсен на аеродромот во Лисабон по слетувањето од родниот Бразил, откако напредувала истрагата за аферата „Офсајд“ која неколку години се води во Португалија поради даночна измама и перење пари на поголем број фудбалери, агенти, посредници и фудбалски работници.


Јонас бил идентификуван по дојава на безбедносниот систем откако Интерпол имал судски налог да открие каде се наоѓа. Службата за имиграција на Португалија го приведе Јонас, а тој можеби ќе заврши и во притвор.

38-годишниот Бразилец е еден од обвинетите од Министерството за финансии, за фиктивни зделки меѓу физички и правни лица, за договори со играчи во португалската лига. Тој не е единственото познато лице кое е обвинето, бидејќи под истрага се и Данило Переира и неговиот договор со Порто и Бруно Цезар со Спортинг Лисабон.

Операцијата која трае од 2015 година и која до крајот на 2020 година доведе до шест истраги и вкупно 129 осомничени, вклучувајќи фудбалери, агенти, адвокати, спортски директори, спортисти и други поединци, како што е наведено од Даночната управа во јули 2021 година.

Веќе во ноември 2021 година, операцијата отиде во втората фаза, откако беа направени дваесетина претреси на објекти и домови на осомничените. Сомневањата се направени кривични дела квалификувани како даночна измама и перење пари, а во вредност од околу 15 милиони евра.

Во моментов клубовите како Бенфика, Порто, Спортинг Лисабон, Брага и Гимараеш потврдија дека се уште се предмет на истрага.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови