Connect with us

Јирген Клоп на преговори со Реал Мадрид

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, се согласил да разговара со претставници на Реал Мадрид во врска со евентуалната можност да го наследи Карло Анчелоти на „Сантијаго Бернабеу“. Ова го тврдат „Спорт“ и „УОЛ Еспорте“. Германецот веќе речиси една година е надвор од тренерската работа, откако го напушти „Енфилд“, а од почетокот на 2025 година ја презеде функцијата директор за фудбалски прашања во „Ред Бул“.


Тогаш Клоп увери дека засега нема никаква намера повторно да биде тренер.

Сепак, според споменатите извори, Клоп е подготвен да се врати доколку добие атрактивен проект, а во моментот би размислил само за понуди од Реал Мадрид или репрезентацијата на Бразил.

Интересно е што Карло Анчелоти, за кого денеска „Скај Спортс“ објави дека ќе си замине од Реал веднаш по финалето на Купот на кралот против Барселона, важи за главен фаворит да стане нов селектор на Бразил.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сонува за опција Клоп да застане на чело на тимот, гледајќи во него совршен одговор на успехот кој оваа сезона го има Барселона со неговиот сонародник Ханси Флик.

Чаби Алонсо и Зинедин Зидан се другите големи фаворити за клупата, која изгледа сигурно ќе биде испразнета најдоцна на лето – ако не и претходно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови