
Англискиот премиерлигаш Ливерпул сака да ја ангажира ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, пренесуваат шпанските медиуми. Португалецот пред две години пристигна за фантастични 120 милиони фунти, но сега има проблем да се избори за место во стартниот тим кај Диего Симеоне.
Оваа сезона Жоао Феликс запиша само три настапи во Ла Лига, а Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде за околу 70 милиони фунти.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека 21-годишниот Португалец одлично би се вклопил во неговиот тим, а може да одговори на неколку позиции во нападот.
Ливерпул води преговори за продолжување на соработката со Мохамед Салах, а наводно евентуалниот трансфер на Жоао Феликс не зависи од исходот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
