Ливерпул би можел да влезе во новата сезона од Премиер – лигата со нов напаѓач. Менаџерот Јирген Клоп сака да го доведе 27-годишниот напаѓач на Лидс, Патрик Бамфорд. Англискиот напаѓач блеска оваа сезона во тимот на Марсело Биелса и е шести на листата на најдобри стрелци во лигата, досега постигнувајќи 15 гола. Дел од погодоците се и по асистенции на Езгјан Алиоски.
Бамфорд пристигна во Челси пред девет години за 1,8 милиони евра од Нотингем Форест, но не успеа на „Стемфорд бриџ“. Челси го испраќаше на позајмица со години, а потоа во 2017 година Мидлсборо го откупи неговиот договор за 7 милиони евра. Една година подоцна, тој отиде во Лидс за милион евра повеќе, а досега за тимот има постигнато 41 гол.
„Луѓе мои, каков играч! Се сеќавам дека луѓето велеа дека на Лидс му треба вистински голгетер, дека Патрик не беше доволно добар. Среќен сум што сите погрешија во проценките за него. Тој е исклучителен играч и неверојатен теренски работник“, изјави Клоп за Бамфорд.
Напаѓачите Мохамед Салах и Роберто Фирмино би можеле да го напуштат Ливерпул во летниот преоден рок по разочарувачката сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













