Connect with us

Јаремчук го соблече дресот и покажа маица со грбот на Украина, а УЕФА тоа го цензурираше

На натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Ајакс имаше двајца херои. Првиот беше Себастијан Халер, човек кој сезонава веќе постигна 11 гола во Лигата на шампионите. Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска го постигна вториот гол за Ајакс, но ремито на Бенфика го донесе Украинецот Роман Јаремчук.

Во 72. минута стадионот експлодира кога Украинецот со глава го надмудри гостинскиот голман. Не експлодираше само стадионот. Поради се што се случува во неговата татковина, Јаремчук на посебен начин го прослави својот гол.


Тој веднаш почна да го соблекува дресот под кој беше подготвена маица со голем украински грб. УЕФА не беше радосна за тоа, бидејќи според правилата не треба да се прикажуваат политички пораки.

Покрај жолтиот картон, Јаремчук може да се соочи и со построга казна од УЕФА, но тој не е загрижен поради тоа.

„Јас сум Украинец и горд сум на тоа. Иако сум илјадници километри оддалечен од мојата татковина, сакам да им дадам поддршка на сите оние кои сега се под притисок во нашата земја, време е да се обединиме. Тоа е нашата земја, нашата историја, нашата култура, нашиот народ и нашите граници. Сакам да им се заблагодарам на бранителите за нивната храброст. Слава на Украина“, напиша тој на Инстаграм по натпреварот.

На социјалните мрежи се појави дебата дали режисерот ја прекинал сликата од својата прослава поради ваквиот чин на гордиот Украинец. Некои дури тврдат дека причината е еден од главните спонзори на УЕФА, руската државна компанија „Газпром“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови