
Големиот талент на Барселона, Ламин Јамал, е многу блиску до продолжување на својот договор со клубот. Сегашниот договор на 17-годишниот шпански репрезентативец истекува во летото 2026 година, но неговите претставници веќе подолго време преговараат со раководството на клубот за ново долгорочно решение.
Според шпанските медиуми, новиот договор ќе биде потпишан наскоро, а ќе биде со важност до 2030 година. Се очекува и значително зголемување на платата на играчот, а неговата откупна клаузула ќе изнесува една милијарда евра.
Се очекува клубот да ја објави оваа вест на почетокот на следната година. Потписот ќе биде ставен кога Јамал ќе наполни 18 години и ќе стане полнолетен.
Во последно време, Јамал имаше неколку проблеми со повреди, а во моментов е надвор од терените поради повреда на глуждот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер
