Младата македонска футсал репрезентација до 19 години во еден интересен и возбудлив натпревар забележа минимален пораз од селекцијата на Словенија со 3-2 во групата Б од силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој се одржува во Умаг, Хрватска.
Нашите футсал играчи имаа предност од 2-1 и три извонредни можности за зголемување на предноста, но на крајот противникот успеа да направи комплетен пресврт и да ја забележи првата победа во рамките на првото коло од турнирот.
Капитенот Гавровски и Стоимировски се запишаа во листата на стрелци за Македонија на овој натпревар.
Во второто коло од меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, младата футсал репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Хрватска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













