Суспензијата на Пол Погба за употреба на допинг официјално истече. Францускиот играч за врска беше суспендиран на 18 месеци, но од денес повторно има право да игра професионален фудбал.
32-годишниот фудбалер е слободен агент, откако во октомври минатата година го раскина договорот со Јувентус.
Во моментов, Пол Погба живее на Флорида, а се шпекулира дека е многу веројатно да потпише со Интер Мајами. Тој бил забележан на средба со претседателот на клубот, Дејвид Бекам, по што присуствувал на натпреварот против Њујорк Сити на 23 февруари. Трансфер-пазарот во САД е отворен до 23 април.
Последен пат, францускиот играч за врска настапи на 3 септември 2023 година, а потоа тренираше само индивидуално.
Досега во кариерата, Пол Погба има настапувано за Манчестер Јунајтед и за Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













