Connect with us

Исак го даде првиот гол за Ливерпул, а Екитике ја донесе победата (ВИДЕО)

Ливерпул избори место во осминафиналето на Карабао купот со победа од 2-1 над Саутемптон на „Енфилд“, во натпревар што донесе многу грешки и неизвесност во завршницата, но и првиот гол на Исак во дресот на „црвените“.

Првиот дел мина во рамноправна игра, но домаќините сепак заминаа на одмор со водство. Во 26. минута, веднаш откако Саутемптон ја погоди пречката, следеше казна – голманот Алекс Мекарти несигурно интервенираше, Киеза ја презеде топката и асистираше до Александар Исак, кој со леснотија погоди за свој прв гол во дресот на Ливерпул.

Гостите возвратија во второто полувреме и дојдоа до израмнување преку Чарлс, кој по корнер и несмасна реакција на одбраната, погоди за 1-1.

Но тимот на Арне Слот уште еднаш ја потврди својата моќ во финишот на натпреварите. Во 85. минута, по брз напад, Киеза повторно беше во улога на асистент, а овојпат Хуго Екитике реализираше за 2-1.

Французинот, сепак, направи непотребен потег, при прославата го соблече дресот, што му донесе втор жолт картон и исклучување. Иако до крајот Ливерпул играше со човек помалку, успеа да ја задржи предноста и да обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 екипи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови