Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше разочаран по ремито 1-1 во дербито со Наполи. Тој смета дека неговиот тим бил подобар на теренот и заслужил да ги освои трите бода.
„Го поздравувам тимот. Ако некој требаше да победи, тоа бевме ние. Во второто полувреме доминиравме на теренот. Примивме гол од статична ситуација, каде што можевме да се справиме подобро, но останавме со високо кренати глави и не му дадовме речиси ништо на Наполи. По сè што направивме против Арсенал и енергијата што ја потрошивме, не очекував да играме толку впечатливо против Наполи. Обично викам многу повеќе од резервната клупа, но сега стоевме толку добро што не сакав да расипам нешто. Погодивме две пречки, пропуштивме и пенал, така што не гледам што повеќе можевме да направиме, освен да ги искористиме подобро нашите шанси“, изјави Инзаги.
„Како тренер, морам да го заборавам резултатот и да го гледам нашето издание, кое беше одлично. Очекував дека ќе имаме доста неизвесна сезона и засега сум во право. Видов еден величествен Интер. Наполи имаат толку брзи напаѓачи, но сепак, Јан Зомер речиси немаше потреба да интервенира против лидерот на табелата“, додаде Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













