
Гостивар на меч без присуство на гледачи денеска (16 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе се обиде да остане во трката за третата позиција и излез во Европа. За тоа му е потребна победа над Работнички, со оглед дека „романтичарите“ во моментот имаат четири бода предност на табелата.
Ова е само една од битките за излез во Европа. Шкендија има шампионски амбиции и сака со три бода против Шкупи да се заврсти на врвот, додека интересно ќе биде и во Кратово, каде Силекс е домаќин на Струга Трим Лум.
Во Битола ќе се игра дуел за опстанок. Пелистер сака да излезе од кризата, а на стадионот „Петар Милошевски“ ќе гостува Тиквеш, на кого исто така му „гори“.
По вчерашната победа на Вардар против Беса (3-1) и продолжувањето на одличната серија на тимот на Гоце Седлоски, се чини дека „црвено-црните“ обезбедија опстанок и сега може да се подготвуваат за финалето на Купот кое се игра веднаш по завршувањето на сезоната во Првата лига, на 21 мај.
Во понеделник, според распоредот на 29.коло, треба да играат Брера и Воска Спорт, но јасно е дека струмичани ќе прокнижат три бода на зелена маса, со оглед дека Воска јавно се откажа од понатамошниот настап во Првата лига.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО (денеска, 16 часот)
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
СИЛЕКС – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
ВЧЕРА: ВАРДАР – БЕСА 3-1
УТРЕ: БРЕРА – ВОСКА СПОРТ (?)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Политано останува во Неапол до 2028 година

Евро-фудбал
Арсенал во наредните два месеци без Нони Мадуеке

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
