Интер оствари чудесен триумф (3-4) на гости против Фиорентина и се искачи на седмото место на табелата во Серија А. „Нероаѕурите“ славеа со голот на Хенрик Мхитарјан во 95.минута, откако топката го погоди по обидот на Венути да расчисти во својот шеснаесетник. Претходно, Фиорентина преку Лука Јовиќ дојде до израмнување на 3-3 во 90.минута.
Интер поведе со 0-2, со головите на Николо Барела во втората минута и на Лаутаро Мартинез во 15.минута. Но, Фиорентина успеа да израмни. Артур Кабрал погоди од пенал во 33.минута, а Џонатан Иконе во 60.минута уште еднаш ја тресеше мрежата на „нероаѕурите“. Во 75.минута Лаутаро Мартинез од пенал повторно го доведе Интер во водство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













