Интер ја победи Салернитана на гости со 0-5, а кога го постигна вториот гол на натпреварот стигна до 100. гол оваа година. Tоа е и рекорд во историјата на Интер, најмногу досега имаа постигнато во 1950 година – вкупно 99 гола.
Интер стана четвртиот клуб во историјата на Серија А што го остварил ова достигнување, Милан го направил тоа двапати со 105 гола во 1949 година и 120 гола во 1950 година, додека Ил Гранде Торино постигна 111 гола во 1947 година и 114 во 1948 година.
Јувентус само еднаш успеал да стигне до 100 гола и тоа во 1933 година.
Инаку, и Аталанта би можела да ја надмине бројката од 100 гола, бидејќи годинава е веќе на 99.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski