
Италијанскиот првак Интер планира голем удар за ривалот Јувентус, подготвувајќи понуда за Пауло Дибала. Генералниот директор Бепе Марота сака да го доведе Аргентинецот од Торино на „Џузепе Меаца“, со оглед дека на лето истекува неговиот актуелен договор со „старата дама“.
Интер е подготвен да му понуди подобри услови на Дибала. Според „Газета дело спорт“, новиот предлог на Јувентус ќе биде околу 7 милиони евра по сезона и тригодишен договор, а „нероаѕурите“ се подготвени да го осигураат за дури пет сезони.
Италијанскиот шампион се надева дека на лето ќе се ослободи од договорите на Артуро Видал и Матијас Весино, кои заедно „тежат“ 16 милиони евра.
Покрај Интер, за Пауло Дибала се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski