
Интер Мајами официјално потврди дека Лионел Меси заработил лесна мускулна повреда на десната нога за време на натпреварот од Лигата на купот против мексиканскиот Некакса.
Аргентинската суперѕвезда го напушти теренот во 11. минута, откако претходно влезе во дуел со двајца дефанзивци на противничкиот тим. И покрај обидот да продолжи со игра, Меси беше заменет од Федерико Редондо и замина директно во соблекувалната.
„Меси беше подложен на медицински прегледи за мускулната непријатност што ја почувствува на натпреварот со Некакса. Резултатите покажаа лесна мускулна повреда на десната нога. Неговото враќање на терен ќе зависи од напредокот во рехабилитацијата и реакцијата на третманот“, соопштија од клубот.
Натпреварот заврши 2-2 во регуларниот дел, а Мајами славеше по изведување пенали. Тимот сега има пет бодови по првите две средби од турнирот.
Меси има значајна улога во сезоната 2025, со 1.565 одиграни минути од можни 1.620 во 18 меча од регуларниот дел. Исто така, одигра целосни 90 минути на сите четири натпревари на Светското клупско првенство во јуни.
Од почетокот на годината, Меси има вкупно 2.581 минута игра во 31 натпревар за Интер Мајами и два за аргентинската репрезентација.
Иако беше избран за МЛС Ол-стар натпреварот, Меси не настапи и заработи суспензија на еден меч. Тренерот Хавиер Масчерано посочи дека згуснатиот календар бара паметно управување со неговата минутажа.
Меси веќе пропушти четири натпревари оваа сезона поради „менаџирање на оптоварувањето“. Следното искушение за Мајами е дуелот со Пумас во среда, во Лига купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лука Јовиќ ќе потпише за АЕК Атина

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
