
Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, ќе остане на „Џузепе Меаца“. Иако во зимскиот преоден рок се шпекулираше со негова „преселба“ во Тотенхем, на крајот не излезе ништо од таа работа.
Договорот на словачкиот стопер со италијанскиот шампион истекува во 2023 година, а според последните информации од Италија, раководството на „нероаѕурите“ му предложи нова соработка. Челнивите на Интер и одличниот стопер постигнале договор, а Шкриниар ќе остане столб на одбраната на тимот на Симоне Инзаги.
Шкриниар е среќен во Интер, каде дојде во 2017 година од Сампдорија и стана еден од најдобрите стопери во Серија А. Сега, кога прашањето за нов договор е решено, останува Словакот да даде полн придонес за неговиот тим во одбрана на „скудетото“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski