Connect with us

Интер и Лукаку почнуваат преговори за „нов брак“

Претставници на Интер денеска ќе разговараат со адвокатот на белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку за можното враќање на напаѓачот, објави „Скај Италија“.


Белгискиот играч минатото лето се пресели во Челси за 97,5 милиони фунти, но во интервју за „Скај Италија“ во декември минатата година призна дека сака да се врати во Интер.

Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот „не брза околу потенцијалното враќање на Лукаку, но и дека сака да потпише договор со него во текот на летниот преоден рок“.

Лукаку (29) не успеа да ја оправда сумата за која беше доведен и покрај тоа што сезоната ја заврши како најдобар стрелец на лондонскиот клуб со 15 голови.

Интер летово ќе се обиде да потпише договор со уште еден напаѓач, а Марота се надева дека тоа ќе биде Пауло Дибала кому му истекува договорот со Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови