Connect with us

Интер го „мерка“ голманот на Наполи

Алекс Мерет на лето би можел да го носи дресот на Интер. Овој голман на крајот од сезоната останува без договор, што би можел да го искористи клубот од „Џузепе Меаца“, кој во претходниот период доживеа доста промени на голманската позиција.


По Самир Хандановиќ, кој ја заврши кариерата, клубот го напушти Андре Онана, а пристигна Јан Зомер, кој има 34 години и наскоро би можел да го замени некој помлад.

Зомер има договор до 2026 година, а Мерет има само 26 години и е многу талентиран голман во кој имаат доверба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови