Connect with us

Интер го купува „џинот“ од Генк

Интер внимателно ги следи игрите на фудбалерот на Генк и нигериски репрезентативец Пол Онуаху. Toj има 27 години и оваа сезона е одличен, постигна 11 гола на 14 натпревари, а она што ги привлекува заинтересирани клубови е неговата висина.


Тој е висок 2.01 метри, може да биде одлична замена за Един Џеко, но дефинитивно може да пристигне во јануари, бидејќи се очекува заминување на Алексис Санчез.

Онуаху има договор до 2024 година, но се верува дека би можел да биде склучен договор со „нероаѕурите“ за 25 милиони евра.

Често го споредуваат со Нванкво Кану, легендарниот напаѓач на Арсенал и репрезентацијата на Нигерија, па јасно е дека би можел да му помогне на Интер во намерата да ја одбрани титулата во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови