Connect with us

Интер без Алексис Санчез на дербито против Наполи

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез се врати повреден од репрезентативните обврски и ќе отсуствува од терените најмалку две седмици. Тој нема да може да му помогне на тимот на дербито со лидерот на табелата во Серија А, Наполи, в недела.


Санчез се здоби со повреда на мускулот и беше заменет при поразот на Чиле од Еквадор со 0-2 во квалификациите за СП.

Алексис Санчез не е стандарден оваа сезона во дресот на „нероаѕурите“, на десет натпревари има постигнато еден гол во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови