Легендарниот шпански фудбалер и поранешен играч на Барселона, Андрес Иниеста, на својот 37. роденден потпиша нов двегодишен договор со јапонскиот тим Висел Кобе. Фудбалскиот волшебник ќе продолжи да ги воодушевува Јапонците со своите потези.
„Се чувствувам одлично на физички план и верувам дека можам да играм на високо ниво и во наредниот период. Би сакал да се заблагодарам на раководството за новиот договор и верувам дека заедно ќе оствариме многу успеси и во следните две сезони“, изјави Андрес Иниеста.
Тој мина 16 сезони во дресот на Барселона, одигра преку 750 натпревари, освои четири титули во Лигата на шампионите и девет трофеи во Ла Лига. Со репрезентацијата на Шпанија е освојувач на мундијалот, а има и две титули од Европско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













