Connect with us

Исмаили: Заслуживме победа против Македонија ЃП

Шкупи стигна до првата победа во новата сезона совладувајќи ја Македонија ЃП со 2-0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Првиот гол го постигна Фаустин Сенгор во 42. минута, а триумфот го потврди Фреди Алварез од пенал во последните мигови.


Капитенот на Шкупи, Фатих Исмаили, го изразува задоволството од првата победа и трите бода.

„Ова беше тежок натпревар, но и заслужена победа на Шкупи. Работевме напорно во текот на неделата и мислам дека одигравме добро против Македонија ЃП. Задоволни сме, освоивме три бода, а веднаш се фокусираме на следните мечеви. Оваа седмица не очекуваат нови два тешки натпревари“, изјави Фатих Исмаили, по триумфот над Македонија ЃП.

Шкупи во третото коло в среда му гостува на Пелистер во Битола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови