 
																												
														
														
													Кариерата на италијанскиот фудбалер Алесио Черчи достигна ново дно, откако неговиот клуб Арецо реши да го ослободи од професионалните обврски.
Арецо е клуб кој потекнува од истоимениот град и моментално се бори за опстанок во третата италијанска лига, Серија Ц. Черчи пристигна во клубот во октомври 2020 година, потпишувајќи тригодишен договор. Оттогаш, крилниот напаѓач запиша 15 настапи, на кои не постигна ниту еден погодок.
Епилогот од искуството во Тоскана, претставува уште еден неуспех во последните години на поранешниот повремен репрезентативец на Италија.
Своевремено, 33-годишниот фудбалер беше дел и тимот на Атлетико Мадрид, каде помина три години, а поради неколкуте позајмици, беше ограничен на само седум настапи. Неговата авантура во Шпанија беше бргу прекината, по што тој му се придружи на Милан во 2015, каде повторно не успеа да импресионира.
📄 Risoluzione consensuale del contratto con Alessio #Cerci
— S.S. Arezzo Calcio (@ArezzoCalcio) April 23, 2021
Il comunicato 🔗 https://t.co/4ODb1DY8Ih
In bocca al lupo, Alessio!#ForzArezzo🐴 pic.twitter.com/9uWuzbKrDj
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														